ИСТОРИЈАТ МАБИ - ТРЕЈД е основана во 1993, Струмица - Република Македонија. МАБИ - ТРЕЈД е 100% приватна сопственост. Се занимава со производство, трговија, увоз - извоз и меѓународен транспорт. МАБИ - ТРЕЈД со задоволство Ви ги претставува своите успеси: МАБИ - ТРЕЈД извезува конзервирани производи, свеж зеленчук, вина, кондиторски производи и репроматеријали од Македонија во трети земји (Словенија, Хрватска, Франција), а увезува репроматеријали потребни за индустријата и производи за широка потрошувачка. Она што го прави особено гордо ова младо и перспективно претпријатие, е тоа што ја искористи шансата за инвестирање и во 2001 година изгради производствен погон за конзервирање овошје и зеленчук. МАБИ - ТРЕЈД вработува до 60 вработени (9 редовни и 50 сезонски). ДЕЈНОСТИ: - Производство: Идеите за добро работење можат да се најдат насекаде и не е потребен само цврст, умешен и насочен менаџмент за успешен бизнис. Потребна е и искреност и чесност за да се успее на деликатниот светски пазар на храна. Органска, здрава и свежа храна (овошје и зеленчук) по светски стандарди е она за што во МАБИ - ТРЕЈД се залагаат. Идејата за таква храна не е нова, но она што ги гарантира новините и квалитетот на нивните производи, покрај современата инфраструктура, е струмичкиот регион кој надалеку е познат по традицијата на здрав начин на производство храна. Заслуга на менаџментот на МАБИ - ТРЕЈД е што ги увидел можностите и што е поважно - успешно ги искористил! Искусниот потрошувач веднаш ќе го препознае и ќе реагира на неквалитет, а ќе го прифати единствено она што е добро за неговото здравје и она што му гарантира квалитет и вкус на производите. Впрочем, сите знаеме колку е важна исхраната за нашето здравје. Затоа, искусниот потрошувач веднаш ќе го препознае квалитетот на производите на МАБИ - ТРЕЈД од брендот ДЕНТИНА, бидејќи тие нудат: -ХРАНА ПРОИЗВЕДЕНА НА ЗДРАВ НАЧИН (БЕЗ ХЕМИСКО ТРЕТИР АЊЕ И СО БИОЛОШКА КОНТРОЛА); -ХРАНА СО ПОТЕКЛО ОД ЕКОЛОШКИ ЗДРАВА И НЕЗАГАДЕНА СРЕДИНА; -ТРАДИЦИОНАЛНИ РЕЦЕПТИ БЕЗ КОЗЕРВАНСИ ОД КВАЛИТЕТНО ПРОИЗВОДСТВО; -СОВРЕМЕН И ДОПАДЛИВ ДИЗАЈН; Квалитетот што сега го нуди брендот ДЕНТИНА одамна им е познат на Европа и Светот! Она што Тие никогаш нема да го имаат е македонското еколошки чисто поднебје, а токму тоа е предноста на производите на МАБИ - ТРЕЈД. Во МАБИ - ТРЕЈД Ви порачуваат: ИЗРЕЧЕТЕ ГИ ВОЛШЕБНИТЕ ЗБОРОВИ ЗА ВАШАТА ХРАНА - ОРГАНСКА И ЗДРАВА! Почувствувајте ја чистата енергија и подарете им на вашите органи здравје. Вкусете ги и Вие здравите производи од брендот ДЕНТИНА на МАБИ - ТРЕЈД! - Друго: Покрај производството базирано на здрава чиста и органска храна (овошје и зеленчук), МАБИ - ТРЕЈД има активности и во други дејности: -Меѓународен транспорт (со сопствена шпедиција и возен парк); -Трговија на големо и мало; -Застапување странски фирми (стратешки партнери од Словенија): Македонија трејд, Љубљана; ТЕОЛ, Љубљана; Сатурнус, Љубљана и др; -Застапување домашни фирми во странство: Витаминка, Прилеп; Тиквеш, Кавадарци; Македонија, Неготино и др; -Извоз на пакуван свеж зеленчук на странски пазари. HACCP Сертификат ISO 22000 Сертификат Политика за квалитет |