За нас Трговски услуги Новитети Еколошка храна Сертификати Локација Контакт English
 
 
 
Еколошка храна

Квалитетот на храната има непосредно влијание на Вашето здравје. Подобрете ја својата исхрана и избегнете ја опасноста од хемиските препарати во свежите градинарски култури и овошја што секојдневно ги консумирате!
МАБИ - ТРЕЈД е претпријатие посветено на здравиот начин на исхрана и активен поборник за применување на еколошки односно биолошки методи на земјоделското производство.
МАБИ - ТРЕЈД Ви нуди свежи и конзервирани земјоделски производи одгледани на контролиран биолошко - еколошки начин.
МАБИ - ТРЕЈД Ве повикува: РЕШЕТЕ ДЕКА ВЕЌЕ ВЕДНАШ ЌЕ ГО ПОСЕЕТЕ СВОЕТО ЗРНО НА ЖИВОТОТ ЗА ОД НЕГО ДА ИЗ`РТИ ЕНЕРГИЈА, А НЕ ЛУДИЛО!
Денешниот квалитет на исхраната не е здрав и поради разните хемиски материи што се користат на големите аграрни површини (пестициди, хербициди, инсектициди, многу конзерванси, хемиски бои итн.). Бројот на причинителите на алергиските болести - алергените, се зголемени на речиси четиристотини. Затоа е важно, на пример, во производството на храна за мали деца сe повеќе да се користат исклучиво биолошки одгледани продукти. Исто е и со возрасните.
Во светот се познати позитивните искуства на детските домови во кои младите се хранат со био - храна, со правилен избор и количества, приспособени на потребите на детскиот развој. Според начелата на многу стручни лица, децата кои јаделе био - храна манифестирале физички и психички напредок, биле поотпорни, поретко заболувале, а евентуалните болести имале поблаг тек и траеле пократко.
МАБИ - ТРЕЈД порачува: ВО СВОИТЕ РАЦЕ ДРЖИМЕ БЕЗБРОЈ МОЖНОСТИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СЕГАШНАТА ИСХРАНА НА СИТЕ НАС, А СО ТОА И НА НАШЕТО ЗДРАВЈЕ ВО ЦЕЛИНА.

Што, всушност, претставува органското производство и што се подразбира под тоа?

Органското производство на храната се темели на билошката контрола и исфрлање од употреба на тешките хемиски средства. Тоа значи здрава земја, семе кое не е третирано хемиски и забрана за употреба на какви било хемиски средства за прскање. Во споредба со други земји Македонија има компаративни предности по однос на овие параметри, кои се должат и на свеста на производителите, но и сe уште на постоењето на традиционалните начини на производство на храна.
МАБИ - ТРЕЈД ја осозна потребата од здраво производство уште во 1993 година, а со тоа и можностите за искористување на природните ресурси (здрава почва, чиста вода и сл.)и затоа ги поттикнува земјоделските производители да произведуваат билошки здрава и органска храна.
Производите на МАБИ - ТРЕЈД се обработени без конзерванси со постапката на пастеризација.
За органско производство важни се техниките на смена на посевите, биолошката фиксација на кислородот, уништување на плевелот, подготовка на почвата итн. Поради многу големите барања кон земјоделецот, очигледно, само еден помал дел производители можат да ги задоволат поставените услови. Целта на органското земјоделство е да ја засили врската меѓу градот и селото со поголема рециркулација на хранливите материи и хумусот. Две карактеристики на еколошкото земјоделство се: грижата за основните функции на природата и идејата за солидарноста.
МАБИ - ТРЕЈД објавува: БИЛОШКИ ЗДРАВА И ОРГАНСКА ХРАНА ЗА СЕКОГО - БИДЕЈЌИ НЕ НИ Е СEЕДНО!
Овошјето и зеленчукот прават посебна група прехранбени производи кои со некои исклучоци се одликуваат со мала енергетска вредност, голема содржина на вода, мало количество на протеини и масти, значителни количества на јаглени хидрати и целулоза, богати се со минерални состојки и витамини, а исто така содржат и хранливи состојки како што се ензимите, органските киселини, антоцијани, танини и др.
Токму поради ваквата содржина, пред сe на минерални состојки и витамини, ензими кои имаат најмногу заштитна улога во организмот, како и поради содржувањето на овошни шеќери кои претставуваат многу погодни извори на енергија - овошјето и зеленчукот треба да се земаат во количества какви што му се потребни на организмот. Недоволното или претераното внесување на минерални состојки, витамини, овошни шеќери, целулоза и останатите состојки на овошјето и зеленчукот може да се одрази непогодно на здравјето. Тоа е случај и со останатите прехранбени производи кога не се земаат во соодветни количества.
Затоа, МАБИ - ТРЕЈД порачува: УМЕРЕНО И ЗДРАВО!

Зошто овошјето и зеленчукот се толку важни?

Ќе го земеме примерот со спанаќот кој е многу вкусен зеленчук и содржи многу витамин Ц. Спанаќот одгледан на органско - билошки начин (контролирани еколошки услови, без хемиски средства, без азотно и минерално ѓубриво, природно созревање и без генетски манипулации на семето)содржи во просек 70 mg витамин Ц на 100 гр спанаќ и ако се подготвува со правилни кулинарски техники содржи 30 - 35 mg витамин Ц повеќе, за разлика од индустриски произведениот спанаќ кој содржи од 40 - 50 mg витамин Ц, а со секој ден стоење загубата е поголема па за некој ден вкупната содржина на витамин Ц изнесува 8%.
Овошјето е најдобро да се употребува свежо во сурова состојба. Биолошки негуваното овошје се употребува нелупено, а за овошјето кое е третирано со хемиски заштитни средства неопходен е претходен третман. Добро миење и лупење на кората, а за овошјето кое нема кора - киснење во ладна вода два часа. Овие работи треба да ги запомните. Ние сепак Ве охрабруваме да имате повеќе овошје и зеленчук на вашата трпеза од преттходно. Зошто? Самите најдобро знаете!
Повеќе зеленчук и овошје, а помалку калории е рецептот за сите оние кои сакаат да живеат поздраво и подолго.
Затоа, МАБИ - ТРЕЈД со право Ви порачува: НЕ Е СE ВО ЗДРАВЈЕТО, НО БЕЗ ЗДРАВЈЕ - СE Е НИШТО!

 
 
       
 
 
copyright © 2009, Mabi Trade
design by digimak