За нас Трговски услуги Новитети Еколошка храна Сертификати Локација Контакт English
 
 
 
Локација

Република Македонија со главниот град Скопје е вкотвена во централниот дел на Балканскиот Полуостров и има Значајна географска местоположба, што е условена од природните погодности на долините и котлините низ кои водат важни комуникации, како и од релативно малата оддалеченост од Егејското и Јадранското Море. Преку Македонија по должината на Вардарската Долина се протега најкратката надолжна линија меѓу Средна Европа и Средоземното Море т.е. Блискиот Исток.

Струмица

Градот Струмица се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија и со неговата популација од околу 100 000 жители , е најголемиот економски и културен центар во тој регион. Со стара историја и богата култура и традиција, Струмица е град што има што да понуди.
Историјата на струмичкиот регион може да се следи уште од далечната 4500 до 3800 година пред Христос. Неолитската населба Страната (Stranata) во атарот на селото Ангелци е доказ дека регионот бил густо населен уште во прастари времиња. Вечерното небо посеано со звезди му го позајми името на овој јужен македонски град. Имено, заради сјајното звездено небо што ја покрива Струмичката долина , овој град во античко време беше познат како Astraion -Градот на звездите а а мештаните го нарекуваа Астраи (Astrai). Но, името не траеше долго, така да градот беше преименуван во Тиберополис (Tiberopolis) во чест на римскиот војсководец Тибериус. После колонизацијата на Словените, градот го доби своето модерно име Струмица. Постојат неколку верзии за оваа име а една од нив е дека градот го добил името по убавата девојка Струма, чиј гроб се наоѓа во селото Вељуса.

 
 
       
 
 
copyright © 2009, Mabi Trade
design by digimak